Фудбал
Звезда без победа на празната „Маракана“
Во Белград Црвена Звезда го пречека Салцбург, но немаше публика, а немаше ниту победник.
Средбата на српскиот и австрискиот клуб заврши со непопуларен резултат, и покрај тоа што имаше голем број шанси за гол на двете страни.
Звезда имаше голема шанса за гол во 89. минута каде Симиќ шутираше од преку 16 метри, но Станковиќ успеа да одбрани и да го сочува голот на гостите. Претходно во 70. минута Дегенек и Стојилковиќ имаа добри шанси, но сепак не се затресе мрежата на Салцбург.
Било како било, резултатот 0:0 ни кажува дека во Австрија не чека еден потполно возбудлив натпревар.