Фудбал
Ѕвездата е навредена од понудата на Барселона и е на чекор од заминување
Францускиот фудбалер Усман Дембеле (24) е на чекор од заминување од Барселона.
Каталонскиот клуб му понуди нов договор на 24-годишниот крилен напаѓач, но тој нема намера да го потпише.
Весникот „Спорт“ наведува дека Дембеле е ’навреден’ од понудата на Барселона и е на чекор до заминување од клубот.
Тој наводно добил услов до 15 декември да одлучи дали ќе ја продолжи соработката со клубот, но шансите да потпише нов договор се минимални.
Неговите агенти барале огромна плата за неговиот клиент. Тие истакнаа дека се работи за играч со потенцијал да ја освои Златната топка и бараат плата согласно таков ранг.
Сепак, нема шанси каталонскиот гигант да му понуди повеќе пари бидејќи моментално заработува околу 13 милиони евра годишно.
Њукасл е тим подготвен да го доведе Французинот во своите редови и нема да биде изненадување доколку тој го напушти клубот уште во јануарскиот преоден рок.
Да потсетиме, Дембеле пристигна во Барселона од Борусија Дортмунд во летото 2017 година, но не ги исполни очекувањата поставени пред него. Кариерата ја започна во Рен, Франција.
За Барселона досега одигра 121 натпревар и постигна 30 голови и 21 асистенција.
Со Блауграна двапати освојуваше трофеи во Примера и Купот на кралот, а еднаш беше победник и на шпанскиот Суперкуп.