Connect with us

Фудбал

Ѕвездата на Лил е во трансфер плановите на Милан

Дивок Ориги летово пристигна во Милан од Ливерпул, но досега не ги оправда очекувањата бидејќи долго време беше повреден. „Росонерите“ сакаат да доведат нов напаѓач следното лето, а прва желба на италијанскиот шампион е ѕвездата на Лил Џонатан Дејвид.

Давид блесна во Лил минатата сезона и добро ја започна оваа сезона, па сака да ја однесе кариерата чекор понатаму.

Милан веќе стапил во контакт со неговиот агент, но Лил најверојатно нема да сака да го пушти да замине на средината на сезоната, па многу поверојатно е следното лето да пристигне на Сан Сиро.

22-годишниот канадски интернационалец е мета на многу клубови, но Милан сака да ја победи конкуренцијата.

Лил сака 50 милиони евра за својата ѕвезда, а Росонерите преку преговори ќе се обидат да ја намалат оваа сума.