Connect with us

Фудбал

Звучи неверојатно, но на Зидан му рекоа „не“

Францускиот стратег, Зинедин Зидан се уште е без ангажман откако замина од Реал Мадрид.

Неодамна Зидан одлучи да ги напушти „Кралевите“ по три освоени титули во Лигата на шампионите во низа. Откако замина од Реал, започна да се дискутира дека бившиот репрезентативец на Франција е идеална замена за Дидиер Дешамп.

Меѓутоа според тврдењата на претседателот на фудбалската федерација на Франција, Ноел Ле Грает, Зидан нема да биди новиот селектор на „Триколорите“, барем не наскоро.

„Дидиер Дешамп има договор до 2020 година и ќе остане до 2020 година“, изјави Грает за „BFM TV“.

Дешамп јавно го поддржа Зидан, кој има настапено 108 пари за Франфија, а сега е доста успешен тренер.