Фудбал
1.400 навивачи со маски и дистанца на средбата Естонија-Македонија
Протоколите во Талин дозволуваат присуство на публика на стадионот на кој, Естонија ја пречекува Македонија во рамките на новата сезона на Лигата на Нации.
Според она што го пишуваат тамошните медиуми, на стадионот со задолжително носење на заштнитни маси и држење на дистанца ќе може да присуствуваат 2.000 лица, од кои 1.4000 ќе бидат навивачи. На стадионот нема да биде дозволен влез со обележја на гостинскиот тим (Македонија).
Табелата пак вели дека Македонија има една победа и едно реми во натпреварувањето на Лигата на нации, додека пак Естонија има два порази.