Connect with us

Фудбал

10 позитивни случаи на КОВИД-19 во Бундеслигата и Бундеслига 2

Бундеслигата и Бундеслига 2 потврдија 10 позитивни случаи на КОВИД-19, нешто што може да го одложи продолжувањето на сезоната…

Германската фудбалска лига во понеделникот потврди дека од 1.724 извршени тестови за КОВИД-19, 10 тестови се позитивни, фудбалери кои играат во Бундеслигата и Бундеслига 2.

Не се знае од кои клубови се заразените играчи, но од друга страна, триото во Келн, за кое се зборуваше дека е позитивно, сега се покажа како негативно.

„Во неделата, целиот тим на Келн, заедно со медицинскиот персонал и персоналот извршија тестови за КОВИД-19 и тестираа негативно“, се вели во изјавата на Келн.

И покрај 10 случаи, во Германија тие се подготвени да се вратат во фудбалот и сезоната би можела да продолжи кон крајот на мај или почетокот на јуни.