Други спортови
10 златни, 8 сребрени и 21 бронзен медал за Македонската традиционална таеквон-до федерација на “Гран при Зворник 2023”
Вкупно освоени 39 медали од кои 10 златни, 8 сребрени и 21 бронзен медал за Македонската традиционална таеквон-до федерација (МТТФ) на еден од најјаките и најпрестижни натпревари за оваа пролетна сезона, Меѓународен таеквон-до ИТФ А класа натпревар “ГРАН ПРИ Зворник 2023” во БиХ.
МТТФ зеде учество со 44 луѓе, од кои 33 натпреварувачи, 2 судии, 6 тренери и 3 официјални лица. Натпреварувачите беа од Таеквон-до ИТФ клуб СОНКАЛ Мислешево Струга, Таеквон-до ИТФ клуб ЧОНЏИ Косел Охрид, Таеквон-до клуб МАСТЕР Охрид, Таеквон-до клуб АХИЛИУС Скопје, Таеквон-до клуб ХВА РАНГ ИТФ Лескоец Охрид, вели претседателот на МТТФ, Марјанчо Лазаревски.
На овај престижен натпревар учествуваа околу 450 натпреварувачи, од 50 клубови од 15 земји ширум Европа, од Србија, Словенија, Грција, Бугарија, Македонија, БиХ, Хрватска, Романија, Италија, Австрија, Унгарија, Чешка, Естонија, Украина и Велика Британија, каде сите ги имаа донесено своите најдобри поединци за тестирање за наредното светско првенство кое ќе се одржи крајот на август месец во Астана, Казакхстан, а благодарение на спонзорот ПН МЕТАЛ и Агенцијата за Млади и Спорт и МТТФ беше дел од истиот.