Connect with us

Фудбал

120-годишнина: Милан „заборава“ на легендите

Милан ја прослави 120-годишнината од основањето на клубот ден пред официјалниот датум, откако го одигра својот последен натпревар на „Сан Сиро“ за оваа година (нерешено 0:0 со Сасуоло), но она што е впечатливо е фактот дека на стадионот недостасуваа многу фигури кои навистина ја испишале историјата на клубот и подигнале важни трофеи…

 

Не е познато дали не можеле да дојдат, или не биле соодветно поканети, но недостасуваа имиња како Савичевиќ, Ван Бастен, Гулет, Рикард, Гатузо, Шевченко, Кака, Пирло, Неста и многу други.

Веќе, присутни беа Антонин, Абате, Закардо, Бориело и дури имиња кои во Милано едноставно се памети како неуспеси и ништо повеќе …