Connect with us

Ракомет

141 километар на час – Талески го има најбрзиот шут на Европското првенство

Со брзина од 141 километар на час, нашиот репрезентативец Филип Талески засега го има најбрзиот шут на овогодинешното Европско првенство во ракомет.

ЕХВ веќе неколку години ги применува овие стандарди за следење на статистики. Тие се регистрираат преку „паметната“ ракометна топка која во себе содржи таква технологија која ги запишува резултатите.