Connect with us

Фудбал

15.000 навивачи присуствуваа на тренингот на Аргентина во Шпанија

Аргентинскиот тим со својата ѕвезда Лионел Меси тренира пред 15.000 навивачи на стадионот на Атлетик Билбао во северна Шпанија , додека се подготвува да игра против Италија во Лондон во пресметката меѓу јужноамериканскиот и европскиот шампион.

Аргентина тренира во текот на неделата зад затворени врати во тренинг базите на Атлетик надвор од градот. Билетите за тренингот на Аргентина чинат 12 евра за навивачите и 10 евра за поддржувачите на Атлетик Билбао.

Натпреварот кој го носи името „Финалисима“ ќе се игра на 1 јуни во британската престолнина. Настанот ќе ја одбележи соработката меѓу УЕФА и КОНМЕБОЛ, која ќе трае до 2028 година.

Репрезентацијата на Италија ја освои втората европска титула во 2021 година, а Аргентина ја освои Копа Америка по 15-ти пат во својата историја.