Други спортови
15-годишната македонска пливачка на ОИ во Токио го освои првото место во својата квалификациска група
Македонската олимписка пливачка Миа Блажевска Еминова заврши на првото место во квалификациската група на 100 метри слободно. Во конкуренција на осум пливачки во нејзината група, таа имаше најдобро време со 57:19. Сепак, ова не беше доволно да се најде помеѓу 16-те пливачки кои се најдоа во полуфиналната трка. Овој резултат е послап од нејзиниот со кој пред месец дена обезбеди Б норма и беше 57:13.

15 годишната македонска претставничка заврши на 40. место од вкупно 52 пријавени пливачки на 100 метри слободно. Најдобрите 16 се пласираат во полуфинале.