Други спортови
15-годишната Русинка која поради допинг е во центарот на вниманието, остана без медал на ЗОИ во Пекинг (ВИДЕО)
Камила Валиева, 15-годишна руска спортиска, која го привлече вниманието поради скандалот со допинг, остана без медал. Валиева беше во водство по кратката програма, но денеска направи неколку грешки при последниот настап и на крајот заврши на четвртото место.
Тоа практично значи дека ќе се одржи церемонија за доделување на медалите, бидејќи Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) во понеделникот, по одлуката на Судот во Лозана да ѝ дозволи настап на Валиева, најави дека нема да има церемонија, доколку таа биде меѓу првите три.