Connect with us

Други спортови

15-годишната Русинка повторно блесна на мразот, на крајот солзи во очите, дали ќе добие медал?! (ВИДЕО)

Камила Валиева, 15-годишна Русинка, повторно блесна на мразот. Таа стигна до убедлива победа во кратката програма на уметничко лизгање на ЗОИ во Пекинг. Освои 82,16 поени, но се поставува прашањето дали ќе добие медал. Имено, поради скандалот со допингот и барањата за нејзина суспензија, Интернационалниот олимписки комитет (ИОЦ) нема да оддржи церемонија за доделување на медали во женското уметничко лизгање доколку руската тинејџерка е меѓу освојувачите на едно од првите три места. Оваа одлука ја донеле и покрај тоа што Судот за арбитража во спортот (ЦАС) и дозволи настап на Олимпијадата во Пекинг.

Валиева натпреварувањето го завршува во четврток со настап во слободен стил. Беше на седумчасовно испитување, откако се покажа позитивна на допинг контролата. Таа тврди дека по грешка испила апчиња на нејзиниот дедо. Таа претходно освои златото во екипна конкуренција за Русија, а го воодушеви светот бидејќи стана првата жена која направила четворократен скок.