Connect with us

Фудбал

150 милиони фунти во последниот ден од преодниот рок, 500 милиони вкупно потроши Премиер Лигата во зимскиот преоден рок

Во зимскиот преоден рок, екипите од англиската Премиер Лига потрошија неверојатни 492 милиони евра за засилувања.

Преку 150 милиони фунти беа потрошени во последниот ден од зимскиот преоден рок, соопшти денеска ревизорската куќа Deloitte Sports Business Group.

Вкупно за сезоната 2017/2018 премиерлигашките клубови потрошија неверојатни 1,9 милијарди фунти, со што го надминаа минатосезонскиот рекорд од 1,4 милиони фунти. Најголем дел од парите дојде од џебовите на големата шесторка во која спаѓаат Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Челзи, Арсенал, Ливерпул и Тотенхем.

Најскапиот индивидуален трансфер оваа година му припаѓа на Ливерпул. „Црвените“ од градот на Битлси му платија 75 милиони фунти на Саутемптон за Вирџил Ван Дајк на почетокот на јануари, со што тој го постави рекордот за најскап дефанзивец во историјата на фудбалот. Големо засилување донесе и Арсенал, кој конечно реши да го „одврзе ќесето“ и да искешира 68 милиони за брзоногиот Пјер-Емерик Аубамејанг.

Манчестер Сити го потпиша францускиот стопер Ајмерик Лапорте, Манчестер Јунајтед им го „грабна“ Санчез од пред нос на Сити, а Тотенхем стигнаа до договор со ПСЖ околу потписот на Лукас Мура.