Connect with us

Кошарка

160 милиони долари на Холидеј за четири години

Милвоки Бакс ќе потпише со Холидеј четиригодишен договор вреден 160 милиони долари.

Холидеј договори нов соработка со Бакс и ќе собере дури 40 милиони долари по сезона до 2025 година.

Искусниот 30-годишен дефанзивец е член на Бакс од ноември 2020 година, кога пристигна во голема размена меѓу четири екипи.

Во својата кариера, Холидеј играше за 76ерс и Пеликанс и има просек од 16 поени по натпревар.