Фудбал
18-годишниот талент потпиша нов договор со Барса, клаузулата неверојатна
18-годишникот се приклучи на првиот тим на каталонскиот клуб пред една година, а Роналд Куман му даде шанса кој Педри ја искористи.
Педри ги воодушеви сите со своите игри минатата сезона, поради што дури и доби покана да дебитира за репрезентацијата на Шпанија, а играше за Црвената фурија на последното Европско првенство.
It's done #DreamTeen pic.twitter.com/7dbumsqJYB
— FC Barcelona (@FCBarcelona) October 14, 2021
Во претходните месеци, Барселона работеше напорно за да го нубеди Педри да потпише нов договор бидејќи беше врзан за клубот до крајот на оваа сезона.
Иако многу клубови покажаа интерес да го донесат тој одлучи да остане во Барселона. Каталонскиот клуб официјално потврди дека Педри потпишал нов договор, и дека ќе остане во Барса до летото 2026 година. Откупната клаузула изнесува неверојатни една милијарда евра.