Connect with us

Фудбал

Вардар е шампион!

Со гостински триумф попладнево над Струга од 1-0 во рамки на 33. прволигашко коло, Вардар ја освои шампионската титула и го зацврсти статусот на најтрофеен клуб во историјата на Првата македонска фудбалска лига.

За Вардар ова е рекордна 12. титула, а прва по пауза од шест години.

Вардар триумфираше на гостувањето во Струга со голот на Цветковиќ во 5. минута и ја задржа предноста од шест бодови пред второпласираната Шкендија, пред нивниот меѓусебен дуел на 23. мај на затворањето на домашната сезона.

Шкендија на домашен терен попладнево ја совлада АП Брера со 2-1, додека Арсими извојува гостинска победа над Силекс со 1-0.

Претпоследното коло во ПМФЛ ќе се комплетира утре со дуелите Башкими – Македонија ЃП, Шкупи – Работнички и Тиквеш – Пелистер.

Табела: Вардар 80, Шкендија 74, Струга 62, Силекс 53, Тиквеш 44 (-1), Арсими 43, Башкими 41 (-1), АП Брера 37, Пелистер 36 (-1), Македонија ЃП 30 (-1), Работнички 30 (-1), Шкупи 1 (-1).ег