Фудбал
18+ страниц сака да се најдат на дресот на Интер во финалето на ЛШ. Понудени 100 милиони евра
Интер мечот за титулата во Лигата на шампионите ќе го игра без истакнат спонзор на дресот. Интернет страница за возрасни сака да ја искористи оваа можност да се позиционира на градите на фудбалерите на миланскиот клуб и на тој начин подобро да се претстави пред светот во мечот кој со нетрпение го очекуваме. Таа веќе испратила деловна понуда до Интер, нудејќи му 100 милиони евра.
Спонзорот кој беше на видно место на дресот на Интер беше отстранет откако неколку пати не ги исполни обврските. Ја спонзорираше и Рома, но поради истата причина веќе не го рекламираат дури ни фудбалери од римскиот клуб. Интернет-страница со порнографска содржина сега се обидува да зачекори во празнината. Нејзините планови за спонзорство на клубот се наводно долгорочни, па таа на клубот му нуди 100 милиони евра за таа позиција на дресот до летото 2029 година.
Финалето на Лигата на шампионите ќе се игра во Истанбул на 10 јуни, а Манчестер Сити за противник ќе го има Интер. Во Интер размислуваат на градите да стават реклама на хуманитарна организација.