Поврзи се со нас

Фудбал

20 специјални летови на Визер од Скопје за Европското фудбалско првенствo

WIZZ AIR, најбрзо растечката и најзелена авиокомпанија во Европа*, најавува специјални летови посветени на сите спортски ентузијасти кои сакаат да го поддржат националниот фудбалски тим на Македонија за време на нивното прво учество во групите на UEFA, Европското фудбалско првенство 2020

. Следствено на тоа, вкупно 20 летови ќе им понудат на фановите шанса да ги следат натпреварите од Група Ц (која ги вклучува Северна Македонија, Австрија, Холандија и Украина) кои ќе се одржуваат во Букурешт и Амстердам следната година на 13ти, 17ти и 21ви Јуни. Билетите веќе можат да се резервираат онлајн на wizzair.com или преку мобилната апликација на WIZZ AIR.

 Добро познати по тоа што нудат различни можности за патување на патниците ширум Европа, WIZZ AIR влегува во игра и им овозможува на фановите да патуваат безбедно и лесно за да го гледаат својот национален тим. 20 летови се организирани помеѓу Скопје, Букурешт и  Ајндховен овозможувајќи го совршениот тајминг за фановите да стигнат на натпреварите и да се вратат дома, притоа искусувајќи уникатно фудбалско искуство.

Специјални WIZZ AIR летови од Скопје за Европското Фудбалско Првенство 2020:

 

Рути Датум Бр. На летови
Скопје – Букурешт Отопени – Скопје 13/14/17 Јуни 2021 16
Скопје – Ајндховен – Скопје 21 Јуни 2021 4

 

Натпреварите на Северна Македонија во Група Ц на Европското Фудбалско Првенство 2020:

Натпревари Датум Време на почеток Град
Австрија – Северна Македонија Јуни 13, Недела 18:00 Букурешт
Украина – Северна Македонија Јуни 17, Четврток 15:00 Букурешт
Северна Македонија – Холандија Јуни 21, Понеделник 18:00 Амстердам

 

„Ние сме многу среќни што ги најавуваме овие специјални нискобуџетни летови меѓу Скопје и Букурешт и Скопје и Ајндховен и што им овозможуваме на фудбалските фанови од Северна Македонија можност да искусат едно неповторливо искуство гледајќи ги во живо натпреварите на својот национален тим на Европското фудбалско првенство првпат во историјата на земјата“, вели Паулона Госк, менаџер за корпоративни комуникации изјави:

loading...

Facebook