Connect with us

Фудбал

200.000 навивачи сакаат да одат на Сан Сиро: Милан ќе ја пречека Аталанта во спектакуларен натпревар

Серија А влезе во пеколното финале и прашањето на италијанскиот шампион ќе се решава во последните две кола.

Милан е во одлична позиција бидејќи има 80 бода, два повеќе од Интер и ги држи сите конци на судбината во свои раце.

До крај треба да игра со Аталанта и Сасуоло, а Интер со Каљари и Сампдорија со надеж дека Милан некаде ќе киксне, односно ќе загуби еден меч или два нерешени.

Навивачите на Милан се свесни за важноста на овој натпревар и многу од нив сакаат да заминат на Сан Сиро, но тоа нема да биде можно.

Имено, дури 200.000 луѓе се пријавиле за билет, но јасно е дека повеќе од половина од нив ќе треба да го гледаат натпреварот на ТВ екраните. Имено, Сан Сиро има капацитет од 80.018 седишта и сите седишта се распродадени.

Натпреварот Милан – Аталанта е закажан за в недела од 18 часот, а во 20 часот и 45 минути Интер гостува кај Каљари, а доколку се поклопат работите, односно Милан победи, а Интер не успее, задутре Росонерите би можеле да ја прослават титулата на Италија, прва од 2011 година.