Connect with us

Фудбал

25-годишен голман почина откако одбрани пенал

25-годишниот голман на аматерскиот белгиски тим Винкел Спорт Б, Арне Еспил, почина на мечот со Вестеросебек.

Во 60. минута при резултат 2:1 во корист на својот тим, Еспил му одби пенал на Мохамед Ел-Багдади пред да колабира.

На фудбалерот веднаш му била укажана прва помош, а набрзо по несреќата на лице место пристигнале екипи на итната помош, вклучително и дефибрилатор, но не успеале да го спасат – починал на пат кон болница.

За трагедијата да биде уште поголема, помладиот брат на Арне, 20-годишниот Арон, ја гледал драмата од клупата. Тој се врати во редовите на Винкел само за овој натпревар откако се опорави од повредата која траеше неколку недели.

“За нас тоа е шок и трагедија. Арне играше за клубот цел живот. Тој беше сакана, пријателска личност која секогаш беше подготвена да помогне. Ова е тежок удар за неговото семејство и за сите нас.” изјави спортскиот директор на клубот Патрик Ротсарт.