Фудбал
3 играчи на ПСЖ заразени со коронавирус
ПСЖ потврди дека тројца фудбалери и член на персоналот имаат позитивно тестирање за коронавирус.
Шампионите во Лига 1, кои беа крунисани во април, бидејки сезоната беше откажана, а пласманот се реши врз основа на освоените бодови, а наскоро ќе продолжат со тренинзите пред финалниот натпревар на Купот на Франција и учество во ЛШ.
Момците на Томас Тухел стигнаа до четвртфиналето од Лигата на шампионите, што ќе се продолжи во август во Лисабон.
ПСЖ ќе се соочи со Сен-Етјен во финалето на Купот на Франција на 24 јули и Лион во финалето на Лига Купот на 31 јули, пред да учествува во Лигата на шампионите во август.
Клубот спроведе тестови во понеделникот и денес резултатите покажаа четири случаи на коронавирус во рамките на клубот, но имињата на заразените не се објавени.
ПСЖ ќе се врати на тренинзите во мали групи од четврток.