Connect with us

Други спортови

30-годишната ѕвезда почина еден ден откако ја објави фотографијата на Инстаграм

Шокантната вест дојде од САД. Сара Ли, поранешна борачка на WWE, почина на само 30-годишна возраст.

Сара Вестон, попозната како Сара Ли, беше професионална американска борачка, а славата ја стекна пред неколку години благодарение на настапот во програмата „Tough Enough“ во продукција на познатата организација WWE.

Ли беше еден од победниците на шестото издание на оваа програма. Како награда потпишала едногодишен договор со WWE вреден 250.000 долари.

 

За жал, во последните неколку часа ширум светот се прошири веста дека Сара Ли ненадејно почина на само 30 години. Тажната информација на Фејсбук ја потврди нејзината мајка, но и организацијата WWE.

„Со голема тага сакаме да споделиме дека нашата Сара Вестон отиде кај Исус. Сите сме шокирани“, напиша Тери Ли. „Бараме со почит да дозволите нашето семејство да тагува. На сите ни требаат молитви, особено Кори и неговите деца“, додаде таа.

Таа почина, оставајќи три мали деца без родители. Најмладиот син има само една година.

Смртта на Американката е дотолку пошокантна бидејќи немаше индикации дека нешто вознемирувачко се случува во нејзиниот живот.

 

Ден пред смртта, Сара Ли објави објава на Инстаграм во која со нетрпение чека да се врати во теретана. Засега не е откриена причината за нејзината смрт.

Во коментарите на последната објава многумина и порачаа да почива во мир.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sara Lee (@saraann_lee)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sara Lee (@saraann_lee)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sara Lee (@saraann_lee)