Кошарка
34-те поени на Леброн не беа доволни на Лејкерси против Кралевите
Сакраменто Кингс го победи ЛА Лејкерс со 125:116 во уште еден натпревар од регуларниот дел од сезоната во НБА.
Домаќините ги задржаа Лејкерси и нивната голема ѕвезда Леброн Џејмс, кој постигна 34 поени, на кои додаде и седум скока и шест асистенции. Малик Монк и Остин Ривс додадоа 22, односно 19 поени, но нивните напори беа недоволни за тимот на Френк Вогел. Шест од кошаркарите на кралевите завршија со двоцифрен број на поени, а Де’Арон Фокс со 29 поени. Харисон Барнс додаде 23, а Тајрис Халибартон забележа дабл-дабл – 14 поени и 10 скока.
На Западот, Сакраменто е 11-ти со биланс 17-27, додека Лејкерси се осми со 21-21 по вториот последователен пораз во Лигата. Во нивните следни натпревари, Кингс се домаќини на Хјустон Рокетс во петок, додека Лејкерси гостуваат кај Денвер Нагетс еден ден подоцна.
Други резултати:
Индијана Пејсерс – Бостон Селтикс 100: 119
Филаделфија 76ерс – Шарлот Хорнетс 98:109
Вашингтон Визардс – Орландо Меџик 112: 106
Атланта Хокс – Мајами Хит 91: 115
Њујорк Никс – Далас Маверикс 108:95
Сан Антонио Спарс – Хјустон Рокетс 124:128
Јута Џез – Кливленд Кавалирс 91: 111
Чикаго Булс – Бруклин Нетс 112:138