Фудбал
Комплетирано 3то коло во ЛШ, Монако и Дортмунд во тешка ситуација на табелата
Со осумте средби одиграни синоќа комплеторано е 3.коло во Лигата на шампоните.
Најинтересниот меч во ЛШ синоќа го одиграа Челзи и Рома дуел на кој беа постигнати шест гола а средбата заврши без победник 3-3
Домаќините имаа и водство од 2-0 со0 головите на Луиз (11) и Азар (37), но гостите од Рим направија и комплетен пресврт откако Коларов (40) намали на 1-2, а со двата гола на Един Џеко (64 и 70) Рома поведе со 3-2. Но, Челзи набргу се врати и само четири минути подоцна Азар со својот втор гол ги постави конечните 3-3
Претходно во оваа група Карабах и Атлетико М. одиграа без годови 0-0.
Од останатите мечеви одиграно синоќа ги издвојуваме победите на гости на ПСЖ кај Андерлехт со 4-0, односно Манчестер Јунајтед кој ја победи Бенфика со 1:0, како и Барселона која со 3-1 го совлада Олимпијакос, меч на кој Лионел Меси го постигна јубилејниот 150 гол во еврокуповите. Токму ПСЖ, Барса и Манчестер Ј. имаат максимални 9 бодови по трите одиграни кола.
Комплетни резултати:
Група А: ЦСКА Москва – Базел 0-2 и Бенфика – Манчестер Јунајтед 0-1
Табела: Манчестер Јунајтед 9, Базел 6, ЦСКА Москва 3, Бенфика 0.
Група Б: Баерн Минхен – Селтик 3-0 и Андерлехт – Париз Сен Жермен 0-4.
Табела: Париз Сен Жермен 9, Баерн Минхен 6, Селтик Глазгов 3, Андерлехт 0.
Група Ц: Карабах – Атлетико Мадрид (18 часот) и Челзи – Рома
Табела: Челзи 7, Рома 5, Атлетико Мадрид 2, Карабх 1.
Група Д: Јувентус – Спортинг Лисабон 2-1 и Барселона – Олимпијакос 3-1.
Табела: Барселона 9, Јувентус 6, Спортинг Лисабон 3, Олимпијакос 0.