Фудбал
5 гола за 376 минути, Икарди ги засени ѕвездите на ПСЖ
Уште еднаш покажа дека ја достигна врвната форма. Мауро Икарди веќе не запира тука. ПСЖ ужива во потенцијалот на аргентинскиот напаѓач, кој лето пристигна од Интер.
Маурито, во синоќешниот натпревар против Клуб Бриж во Лигата на шампионите, потврди дека го пронашол вистинското живеалиште кај парижаните. Со двата гола во вторникот, поранешниот капитен на Интер запиша 5 гола на 6 натпревари (одигра 376 минути).
Просечна финализација накоја може да му завидува секој напаѓач на континентот. Иако пристигна на „Паркот на Принцовите“ среде генералниот скептицизам, Икарди беше во можност да го освои „облогот“ на ПСЖ, постепено интегрирајќи се во тактичките механизми на Тухел. Прво започна да игра неколку минути како замена, а потоа конечно експлозија од сенката на „Ајфеловата кула“.
Хаосот што го доживеа во Интер изгледа како далечна меморија. Икарди се потврдува како апсолутен „бомбардер“ дури и надвор од границите на Италија, откако успеа да издвојува улогата на стрелец дури и во присуство на ѕвезди како Мбапе, Нејмар и Кавани. 3 гола на 3 настапи во Лигата на шампионите, 2 гола во исто толку настап на Лига 1. Галатасарај, Бриж, Анжер и Ница беа негови „жртви“, но едно е сигурно, Икарди нема тука да застане.