Connect with us

Фудбал

600 милиони евра дава Реал, за дрим тим.

е чини дека фудбалот нема веќе да биде исти. Како што пишува Дон Балон, Реал Мадрид има намера да направи земјотрес во фудбалскиот свет. Флорентино Перез бил подготвен да даде 600 милион евра со цел да донесе неколку засилувања и да го направи најдобриот можен тим во светот.

Во одбраната ќе се обиде да го донесе Вирџил ван Дајк, најдобриот стопер и централна фигура во Ливерпул, се споменува и Кулибали од Наполи. Средниот ред ќе се засили со Нголо Канте од Челзи, се разбира и Пол Погба. Перез им фрлил око и на двајцата напаѓачи на Ливерпул  Салах и Мане, кандидати се Обамејанг и Санчо. Од ова се гледа дека „кралевите“ ем ќе се подмладуваат, ем ќе се засилат.