Connect with us

Ракомет

Вардар слави над Мотор Запорожје – клучна одбрана, па гол за победа!

Вардар забележа нов триумф во ракометната Лига на шампиони. Славеше на гости со минимална победа од 30:31, по што се наоѓа на второто место од групата Б во Лигата на шампиони.

Кај Вардар најдобар беше Тимур Дибиров со десет гола, а го следеше Кристопанс со седум, додека Калараш и Чупиќ реализираа по четири пати. Кај Мотор, Сорока беше најефикасен со осум гола.