70 милиони евра и Хамес Родригез, луда идеја на Реал Мадрид

Калиду Кулибали би можел да се збогува од Наполи. Изгледа дека Реал Мадрид е подготвен за „напад“ врз Сенегалецот во летниот преоден рок.

-текстот продолжува по рекламата-

„Според Ел Десмарк“, „Лос Бланкос“ имаат луда понуда до тимот на Џенаро Гатузо. „Кралевите“, всушност се подготвени да понудат 70 милиони евра и Хамес Родригез.

Колумбиецот, кој беше баран долго време минатото лето кога Анчелоти беше тренер на Наполи, сега може да биде вклучен во операцијата. Трансферот многу ќе зависи од позицијата на Наполи во Серија А.

Доколку не се обезбеди место во Лигата на шампионите, Кулибали ќе биде подготвен да се збогува со Наполи.

Loading...