Connect with us

Фудбал

80 милиони евра, а седи на клупата, поранешниот тренер ја открива причина!

До овој момент се смета за најголем неуспех во Арсенал! Станува збор за Николас Пепе, кој се пресели од Лил во Арсенал за 80 милиони евра. На 15 натпревари во Премиер лигата, од кои 10 како стартер, а постигна само 2 гола.

Ова се бројките на Николас Пепе во првата половина од сезоната. За да се потврди неговиот неуспех, доволно е да се погледнат неодамнешните натпревари на Арсенал, каде тој скоро секогаш е на клупата. Објаснување за ова има поранешниот привремен тренер на Арсенал Фреди Љунгберг.

„Пепе е добар играч, но гледам што се случува на тренинзи секој ден и овде ја темелам својата одлука. Не ме импресионираше доволно на тренинзите да го активирам како главен играч“, рече Љунгберг.