Connect with us

Фудбал

Трката за СП во Катар по поинаков формат, а финалето на Лига на нации среде квалификации?

Поради пандемијата со корона-вирусот, УЕФА е присилена да го менува форматот во Лигата на шампионите и Лигата на Европа за следната сезона. Откако германски медиуми го објавија планот на УЕФА за есенскиот дел од репрезентативната програма во која ќе има по три меча во месец, наместо досегашните два, многу веројатно е дека и мундијалките квалификации идната година ќе се играат по истиот формат.

Според најавите, УЕФА која ќе треба комплетно да го соопшти и начинот како ќе се игра мундијалскиот циклус, за кој ждрепката допрва треба да биде направена, ама три меча во термин (еден месец) ќе останат зашто јунскиот циклус ќе биде зафатен со одложеното Евро 2020 (11 јуни-11 јули).

Во план е еден меч од јуни да се префрли во мартовскиот старт на овие квалификации, а еден за октомври, додека септемврискиот и ноемврискиот термин ќе останат со по два, со тоа што за септември е предвидено и да се игра финалето од втората сезона во Лигата на нации, каде на фајнлфор во една недела играат најдобрите четири селекции од А-дивизијата.

СП во Катар ќе се одржи од средина на ноември до средина на декември 2022 година и ќе биде првиот зимски Мундијал.