Фудбал
Зидан уште еднаш најде начин да го посрамоти Хамес Родригез
Фудбалерите на Реал Мадрид го совладаа Еибар со 3: 1 на домашен терен синоќа во натпреварот од 28. коло на шпанската Ла Лига.
Кралскиот клуб успеа да го добие првиот натпревар по тримесечна пауза. На тој начин Реал одржува чекор со лидерот Барселона бидејќи тие имаат само два бода помалку.
Шпанските медиуми денес пишуваат многу за тоа како Зинедин Зидан уште еднаш му покажа на Хамесс Родригез на свој начин дека едноставно нема место за него во тимот.
Имено, познато е дека клубовите имаат право на пет замени во играта до крајот на сезоната, но и покрај тоа, Хамес не доби шанса да игра против Еибар вчера.
Зидан ги направи сите пет замени во второто полувреме, но немаше место за Хамес. Многумина веруваат дека ова е знак за Колумбиецот да бара нов клуб ова лето.