Connect with us

Фудбал

Клоп ја загуби битката за Вернер, но најде нов напаѓач во Барселона

Заедно со Челзи, тимот на Ливерпул беше главниот фаворит да го донесе Вернер од Лајпциг, но играчот реши да замине во Лондон.

На тој начин на Клоп му пропадна планираното засилување, но се сврте кон втората опција, а тоа е фудбалерот на Барселона, Усман Дембеле.

Според англиските медиуми, Ливерпул започнал официјални преговори со Барселона за овој напаѓач, а тие сакаат да се договорат за сè пред да започне трансферот периодот.

Од нив се очекуваше да го доведат Вернер, но тоа сепак го направи Лампард, а Клоп ќе треба да се задоволи со Дембеле.

Фудбалерот има желба да остане во Барселона, но прашање е дали ќе ги одбие Клоп и Ливерпул, со оглед дека нема премногу минути во тимот од Шпанија.