Connect with us

Фудбал

Одреден судија за финалето на Купот на Италија

Италијанскиот фудбал, по долгата пауза поради пандемијата на новиот коронавирус, се врати со реванш натпреварите од полуфиналето на Купот на Италија.

Така ги откривме финалистите минатата недела, а тоа се Јувентус и Наполи. Јувентус го елиминираше Милан во полуфиналето, а Наполи го елиминираше Интер.

Финалниот натпревар од Купот на Италија ќе се одигра во среда (21 часот) на стадионот „Сан Паоло“ во Неапол, а на центарот ќе биде судијата Даниеле Довери.

42-годишниот судија имаше чест да го суди дуелот меѓу Наполи и Јувентус за трофејот, а ова ќе биде првпат тој да суди во големото финале.

Даниеле Довери ја делеше правдата на 17 натпревари сезонава. Тој покажа 63 жолти картони, два црвени картони и досуди еден пенал.