Connect with us

Фудбал

Откриени нови датуми за европските натпреварувања, Супер Купот ќе се игра во Унгарија!

Лигата на шампионите ќе продолжи со натпреварите на 7 и 8 август, а завршниот турнир ќе се игра во Лисабон.

УЕФА сè уште не потврдила, но „Sky Sport Italia“ носи нови и „проверени“ информации. Реваншот од осмина финалето од Лигата на шампионите, кој не успеа да се одржи поради пандемијата на коронавирус, ќе се одржи на 7 и 8 август, во градовите домаќини на тие дуели.

После тоа следува „Final Eight“ и осумте екипи ќе се натпреваруваат во Лисабон од 12 август, па во наредните 11 дена, ќе ги одмерат силите за да го добијат конечниот победник. Четвртфиналето ќе се игра од 12 до 15 август, полуфиналето од 18 до 19 август и финалето на 23 август. Ќе се игра еден натпревар.

Исто така, се верува дека на ист начин ќе биде и завршницата во Лига Европа, при што Интер и Рома ги играат своите натпревари од осмина финалето, каде ќе се игра и „Final Eight“.

Натпреварите од 10 и 21 август ќе се играат во градовите Дуизбург, Гелзенкирхен, Франкфурт и Келн.

Конечно, именуваните градови домаќини за следните четири финалиња во Лигата на шампионите ќе бидат преместени за една година, почнувајќи од Истанбул во 2021 година. Санкт Петербург сега ќе биде домаќин на финалето во 2022 година, Минхен 2023 година и Вембли 2024 година.

Форматот и датумите на преостанатите европски натпревари оваа сезона ќе бидат познати во среда.

Што се однесува до Европскиот Супер куп, тој ќе се игра на 24 септември во Будимпешта.