Connect with us

Фудбал

Карагер играше со многу sвезди, но само две успеаја да го импресионираат

Џејми Карагер целата своја кариера ја помина во дресот на Ливерпул, а кариерата ја заврши пред седум години.

По завршувањето на кариерата, Карагер остана еден од фаворитите на навивачите на „Енфилд“, а тој често го посетува овој стадион за да ги гледа натпреварите на неговиот поранешен клуб.

42-годишниот фудбалер е возбуден што „црвените“ конечно ќе станат англиски шампиони оваа сезона по 30 години чекање што не успеаја да го направат додека тој беше член на првиот тим.

Јасно е дека Карагер остави длабок белег во дресот на Ливерпул, а тој реши да ги издвои двајцата играчи кои најмногу го импресионираа во текот на 17 години што играше за првиот тим на Ливерпул.

„Додека играв за Ливерпул, има само двајца играчи кои навистина ме импресионираа. Тие се Стивен Џерард и Луис Суарез. Ако сепогледнема што направи Суарез во Барселона, но и за Уругвај, тогаш знаеме каков играч е тој. За Џерард не е потребен да трошиме зборови, тој е легенда на нашиот клуб“, рече Карагер.