Connect with us

Фудбал

Награда за Хаверц за фантастичните игри

Играчот од средниот ред на Баер беше најдобар во мај во германската Бундес лига.

Талентираниот член на германската репрезентација игра одлично во последно време и доби признание за играч на месец мај. Тој постигна пет гола на четири натпревари, а Баер забележа три победи од продолжувањето на фудбалот.

Оваа сезона Хаверц одигра вкупно 27 натпревари во Бундеслигата, постигна 11 голови и забележа пет асистенции.

Сега е јасно зошто клубовите како Баерн и Челзи го сакаат овој фудбалер толку многу. Како што стојат работите сега, тој ги игра своите последни натпревари во дресот на „Апотекарите“.