Фудбал
Најбизарното исклучување за време на пандемијата на коронавирус беше забележано на „Ноу Камп“
Барселона го победи Леганес со 2:0 без поголеми проблеми и по 29. коло тие ќе останат на водечката позиција во Ла Лига.
Во судиското надополнување на натпреварот на „Ноу Камп“ забележано е најбизарно исклучување за време на пандемијата на коронавирус. Кога натпреварот практично заврши, гостинскиот тренер мораше да оди во соблекувалната.
Имено, во последните секунди од натпреварот, Хавиер Агуире го имитираше звукот на свирчето, па судијата Мартинез Мунуера му покажа црвен картон.
„Тој го имитираше звукот на свирчето со намера да ги збуни играчите и претходно беше предупреден“, напиша Мартинез во судискиот извештај.
Патем, Леганес е незадоволен од синоќешното судење, со оглед дека е досудена сомнителна казна за Барселона, со што се реши прашањето за победникот.