Фудбал
Пристигна нова понуда за купување на Њукасл, овој пат од богаташ од Америка
Њукасл треба да добие нов сопственик наскоро, но има добри шанси тоа да не бидат богаташите од Саудиска Арабија.
Имено, со оглед на проблемите што ги имаат потенцијалните купувачи од Саудиска Арабија, Њукасл би можел да го купи друг човек.
Станува збор за Хенри Маурис, сопственик на ТВ компанија од Америка наречена „Цали ТВ“, кој испратил понуда од 350 милиони евра за да го преземе Њукасл.
Сепак, тој ја испрати понудата само под еден услов, а тоа е дека ќе му биде дозволено да го преземе клубот пред почетокот на следната сезона.
Тој исто така се чини дека има големи амбиции, но останува да се види што ќе се случи со Њукасл на крајот, и во чии раце ќе оди.