Фудбал
Роналдо ја промовираше роденденската фризура на својот син: Кристијано јуниор изгледа непрепознатливо
Благодарение на неговиот татко Кристијано Роналдо Јуниор е едно од најпознатите момчиња во светот.
Синот на Кристијано Роналдо денес го слави својот десетти роденден, а преку Инстаграм тој доби специјална и веројатно негова омилена честитка.
Роналдо сениор на трогателен начин му порача на својот син дека му посакува се најдобро, но фризурата на момчето е особено интересна.
Имено, синот на португалскиот ас има неколку плетенки на главата и со својата нова фризура изгледа потполно различно во споредба со она на што сме навикнати.
Патем, Роналдо вечерва го чека натпревар за трофеј. Јувентус ќе игра против Наполи во финалето на Купот на Италија. Роденденот на синот ќе биде дополнителен мотив за големиот Португалец.