Connect with us

Фудбал

Лионел Меси се согласи да потпише нов договор со Барселона

Капитенот на Барселона, Лионел Меси одлучи да го продолжи договорот со Барселона до летото 2023 година.

Наводно, Меси во последно време бил во дискусија со раководството на Барселона, но во ниту еден момент не сакал да си замине, дури и ако има клаузула во неговиот договор според кој може да си замине на крајот на секоја сезона ако сака.

Аргентинецот (32) целата професионална кариера ја помина во Барселона и во сите прилики реши да остане играч на каталонскиот клуб до крајот на кариерата, а тој го потврди тоа со одлучување да го продолжи договорот до 2023 година.

Меси ужива во уште една убава сезона со Барселона, постигнувајќи 26 гола на 33 натпревари во сите натпреварувања и сака да ја освои титулата во Шпанија, и се надева на трофеј во Лигата на шампионите.

Патем, за големиот напаѓач, кој го потпиша својот прв професионален договор со Барселона на 1 јули 2005 година, неговиот тековен договор важи до 30 јуни 2021 година.