Connect with us

Фудбал

Кавани и Тијаго Силва се одмаздија на ПСЖ

Напаѓачот на Уругвај, Единсон Кавани ова лето ќе го напушти ПСЖ, бидејќи му истекува договорот.

Кавани официјално ќе биде слободен агент на 1 јули, а како што стојат работите, тој ќе ја продолжи кариерата во дресот на Атлетико Мадрид. 33-годишниот играч остави голем белег во клубот од Париз, но по пристигнувањето на Мауро Икарди го загуби местото во првиот тим.

ПСЖ неодамна потврди дека Кавани и Тијаго Силва ќе го напуштат клубот бидејќи истекуваат нивните договори. Сепак, се зборуваше дека може да останат до крајот на август за да играат во ЛШ, но нема да има ништо од тоа.

Кавани и Тијаго Силва одбија да останат во ПСЖ уште два месеци и јасно е дека клубот нема да може да смета на нив во четврт-финалето на Лигата на шампионите што ќе се игра на средината на август во Лисабон.

Тоа сигурно ќе биде голем удар за овој тим затоа што е јасно какви играчи се, но Кавани и Тијаго Силва секако решија да се одмаздат бидејќи клубот не сакаше да ги започне преговорите со нив за нови договори.