Connect with us

Фудбал

Србин ќе потпиши за Интер?!

Интер ќе продолжи да инвестира во нивниот млад тим ова лето, па талентите ги бара ширум Европa. Еден од нив е Даријан Малеш, пренесува Тутоспорт.

Србинот од Швајцарија има 19 години и во моментов игра за Луцерн, каде постигна два гола и забележа четири асистенции на 22 настапи во текот на тековната сезона.

Малеш е стандарден член на младинските репрезентативни селекции на „шејдија“, а клубот од Милано наводно е подготвен да понуди 4.000.000 евра за него. Планот е талентираниот фудбалер да игра една или две сезони на позајмица во Парма, со цел да се врати подготвен да се натпреварува за место во првиот тим.

Клубот од Ломбардија, покрај Малеш, ги идентификуваше и грчкиот Вагианидис од Панатинаикос, Бугаринот Никола Илиев од Ботев и италијанецот Валентино Карбони како приоритет.