Connect with us

Фудбал

Трагедија го потресе светот: Познат млад фудбалер се удави

Челниците на Лас Палмас доцна синоќа ја потврдија смртта на Жорге Санчес, 17-годишен тинејџер кој играше за младинските селекции на тимот од Канарските острови. Младиот фудбалер ги бранеше боите на Лас Палмас во кадетската категорија, а како што пишуваат од клубот, неговото место во првата постава било загарантирано. Санчес од следната сезона требало да биде прекомандуван во сениорскиот тим, но не дочека да дебитира за Лас Палмас.

„Лас Палмас жали за см*тта на поранешниот фудбалер и кадет Хорхе Санчез, кој требаше да игра во младинскиот состав следната сезона. Испраќаме сочуство до семејството и пријателите“, напишаа на профилот на шпанскиот клуб.

Нејсреќниот тинејџер заедно со уште неколку пријатели заминале да се бањаат, а тоа се покажало кобно за Жорге и уште еден 15-годишник. Кога дошла Брза помош само констатирале дека двајцата тинејџери се удавиле.