Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: По враќањето, Реал три пати победува по ред, овој пат го надигра Реал Сосиедад

Избраниците на Зидан вечерва со 1-2 (0-0), славеа трета победа над Реал Сосиедад. Ова е трета победа на Реал Мадид по ред откако се врати фудбалот, кој беше на пауза поради коронавирусот.

Зидан ја изненади јавноста и им даде шанса на Родригез и Винициус Јуниор од првата минута на „Аноета“. Дуелот беше многу тактички, немаше многу простор и скоро да немаше ни шанси во првиот дел. Ремито и Куртоа заминаа во соблекувалната без ниту една интервенција, а Реал залудно ја имаше топката повеќе во своите нозе.

Мечевите на Реал редовно се контроверзни, исклучок не беше ниту овој во Сан Себастијан откако Реал Сосиедад постигна гол за израмнување преку Јанузај, но истиот беше поништен со ВАР поради офсајд на еден домашен фудбалер. Неколку минути подоцна, „кралевите“ поведоа со 0-2 преку Бензема, ВАР ја прегледуваше и оваа ситуација, но овојпат судиите проценија дека Французинот не играл со рака, туку со рамо и го признаа голот за гостите од Мадрид.

Се што успеа домашниот тим да стори до самиот крај беше утешниот погодок на Мерино, премалку за да се избегне пораз во пресметката со избраниците на Зинедин Зидан.

https://twitter.com/totalcristiano/status/1274811920932110339?ref_src=twsrc%5Etfw