Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Сити во топ форма – со „петарда“ ја наполни мрежата на Барнли

Манчестер сити го покажа своето вистинско лице во денешниот меч против Барнли и со 5-0 го декласираше противникот на „Итихад“.

„Граѓаните“ уште еднаш демонстрираа дека се наоѓаат во неверојатна форма по враќањето на Премиер лигата и во два натпревари постигнаа дури осум гола, а победата против Барнли не беше доведена во прашање во ниту еден момент.

Фоден најпрво погоди во 22. минута за 1-0, за веќе во 43. минута Марез да зголеми на 2-0, истиот играч од пенал во самиот финиш на првото полувреме зголеми и на 3-0.

По само шест минути игра во второто полувреме, Давид Силва зголеми на 4-0, а конечните 5-0 ги постави Фоден со голот во 63. минута.