Други спортови
Шок: Троицки откри дека на корона е позитивна и трудната сопруга Александра
По вестите дека српскиот тенисер Виктор Троицки е позитивен на коронавирус, за српските медиуми тој откри дека и неговата сопруга Александра и ќерка му Ирина се тестирале на вирусот.
Резултатите на неговата бремена сопруга пристигнале и тие се позитивни, додека Ирина е негативна.
Вистина е тоа дека јас и мојата сопруга сме позитивни. Таа се тестираше во петокот, а ќерка ми и јас во неделата, по што дознавме дека е позитивна. Ќерка ми е негативна – кажа Троицки.