Connect with us

Фудбал

Видал: Сонувам да играм за…

Артуро Видал открил нешто повеќе за неговата иднина.

Во интервју за ЕСПН, играчот од средниот ред на Барселона зборуваше за еден од неговите соништа, а тоа е еден ден да игра за Бока Јуниорс.

„Сите знаеме што претставува Бока во Аргентина, играчите кои го носеа тој дрес најдобро го знаат тоа. Никогаш не сум имал можност да играм на Бомбонера, ниту со Коло Коло, ниту со некој друг тим“, рече Видал и продолжи:

„Едноставно, тоа го забележуваме. Бока е победнички клуб, навивачите се извонредни. Тоа би било сон, но во моментот не размислувам да ја напуштам Барселона“, рече Видал.