Connect with us

Фудбал

Кејн се запиша во листата на стрелците после шест месеци, Тотенхем оствари дерби победа во Лондон (Видео)

Жозе Мурињо во секој поглед застана во одбрана на Хари Кејн и нагласи дека напаѓачот ќе продолжи да постигнува голови под негово водство, а Англичанецот веднаш му одговори на својот менаџер со прв погодок после шест месеци.

Кејн заработи тешка повреда на мускулот на крајот на 2019-та година, а тоа што требаше да претставува повреда која означува крај на сезоанта за него, се претвори во шанса за нови настапи во камапњата поради корона паузата.

Англискиот голгетер денеска за првпат се запиша во листата на стрелците во 2020-та година, погодок со кој ја потврди дерби победата на Тотенхем во градскиот дуел со Вест Хем.

Кејн одлично ја испрати контрата и истрча половина терен пред да го матира противничкиот голман, со што ги постави конечните 2:0 во Северен Лондон.

Претходно, Тотенхем дојде до воство од 1:0 во првото полувреме, а сигурен реализатор беше Сон откако биеше од непосредна близина.