Connect with us

Други спортови

Директорот на Дукати ја откри неверојатната плата која Хонда му ја исплаќа на Маркез

Долгорочните договори се вистинска реткост во МОТО ГП зошто во спорт во кој секоја година има многу модификации не може да се даде никаква гаранција, но за нешто сосема спротивно на стартот на годината се одлучи Марк Маркез кој потпиша четиригодишен договор со Хонда.

Оваа зделка изненади многумина во мото спортот, но од друга страна пак, ни откри дека двете страни имаат огромна меѓусебна доверба која на Јапонците им го осигура светскиот шампион до 2024-та година.

Договорот на Маркез пристигна во ситуација и кога се зборуваше за негова можна бомбастична преселба во Дукати, тимот кој во изминатите три сезони не дојде до светската титула токму поради извонредниот шпански возач кој доминира со својата Хонда.

– Не е вистина дека не го контактиравме Маркез. Реалноста е дека ние го исконтактиравме, а тој брзо ни порача дека негов приоритет е да остане во Хонда, – вели директорот на Дукати, Паоло Чиабати и открива.

– Јапонците го блиндираа со цифра која ако не е 20 милиони евра, тогаш е 15 милиони евра годишно. Не може да се направи против оваа економска понуда ништо од наша страна, – додае Чиабати.